Акција на УЈП во Слупчане и во Оризаре

Управата за јавни приход со асистенција на полицијата вечерва е во акција во куамановско Слупчане и Оризаре. На терен се поголем број полициски сили кои вршат контрола во угостителските објекти во овие населени места.

Полицијата во последните неколку недели активно е на терен и и асистира на Управата за јавни приходи во акциите за контрола на правните субјекти. Во речиси секоја од акциите кај голем број компании се откриваат неправилности по што следат казни и времено затворање на објектите.