Балкан

Акција против организиран криминал и затајувачи на данок во БиХ

Акција против организиран криминал и затајувачи на данок во БиХ

Акцијата „Месо“, која е една од најголемите во борба против организираниот криминал и повеќемилионски даночни затајувања, се спроведува во БиХ.

Активностите се спроведуваат на вкупно 14 локации во градови ширум земјава, ќе биде реализирано апсење на околу 10 осомничени лица, претреси во три претпријатија, а меѓу осомничените има и познати имиња од стоапнскиот и јавниот живот во државата, соопшти Обвинителството на БиХ.

Со акцијата раководи Јавниот обвинител на БиХ, а во активностите на теренот учествуваат повеќе стотина припадници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) и Управата за индиректно оданочување на БиХ.

Меѓу другото, станува збор за даночни и царински затајувања во износ од повеќе милиони конвертабилни марки, извршени со основање и подоцна фиктивно затворае на претпријатија, кои оставиле големи даночни долгови.

Спорните претпријатија се занимавале со увоз, производство и преработка на месо и месни производи, а буџетот на БиХ, како и сите граѓани, се оштетни за повеќе милионски суми.

Мета на апсењата во акцијата на подрачјето на Широк Брег се и браќата Лијановиќ, од кои, според босанските медиуми, се веќе уапсени федералниот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство Јерко Иванковиќ Лијановиќ и пратеникот во Парламентот на БиХ, Младен Иванковиќ Лијановиќ.