Акција во Чаир: Приведени двајца инспектори

Полициска акција во скопски Чаир, доцна синоќа приведени двајца инспектори.

Вчеравечер беше забележано е поголемо присуство на полицијата во близина на тргпвскиот центар Чаирчанка на улицата Цветан Димов.

На терен биле излезени поголем број полициски службеници, а дејствувале и полициските Алфи. Од МВР официјално потврдуваат дека се уапсени двајца инспектори но не откриваат дали станува збор за полициски инспектори или пак припадници на некои од остнатите инспекторати во земјава.

Нема информации ниту дали покрај инспекторите се приведени и други лица, ниту пак за за какви кривични дела се се сомничат. Од полицијата не откриваат повеќе детали освен дека акцијата минала без никакви инциденти.

Повеќе информации најавуваат во текот на денешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.