Акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк

Акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк
Акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк

Градот Скопје денеска традиционално го одбележа првиот ден на пролетта со акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк, како дел од манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“. Целта на оваа акција беше да се поттикне грижата за животната средина кај граѓаните на Скопје и да се даде пример како да се грижиме за средината во којашто  живееме.

За таа цел, денеска во вториот дел од Градскиот парк, во близина на Луна-паркот, 150 ученици од 5 средни училишта на Град Скопје (СУГС „Јосип Броз Тито, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“) ги чистеа отпадоците од јавните зелени површини.

Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ се чистеше езерцето во вториот дел на Градкиот парк, со помош на чамец.

Акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк
Акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк

Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, пак, засадија цвеќиња и се вклучија во расчистувањето на зеленилото

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.