Акција за отстранување на диво поставени тезги околу „Зелен пазар”

Втор ден по ред, инспекција на општина Центар спроведува акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу „Зелен пазар”.

По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Одземена им е стоката и изречена е глоба во висина од 50 евра во денарска против вредност, според Законот за јавна чистота.

Акцијата се спроведува по барање од граѓаните и нивните поплаки дека не можат да се движат и да дојдат до своите влезови, опасност од ширење на заразни болести и продажба на производи во нехигиенски услови.

Акцијата продолжува и во наредните денови и е во координација со Агенција за храна и ветеринарство,  Државен пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.

Диви тезги - Зелен пазар (1)

Диви тезги - Зелен пазар (2)