Акција за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот

Во рамки на акцијата „Со велосипед на пат низ целиот град“ денеска ќе биде презентирана посебна налепница „Мисли на велосипедистите“ со која ќе се подигне свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

Првите налепници на возилата ќе бидат поставени од страна на претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски и генералниот секретар на Авто мото сојузот на Македонија, Димитар Миновски.

Акцијата ја организираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Авто мото сојузот на Македонија.