Акција за помош на поплавените од вработените во Гази Баба

Вработените во општина Гази Баба и подрачните одделенија на Министерствата, сместени во кругот на општината утре ќе се вклучат во хуманитарната акција за помош на жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија.

Во текот на целиот ден ќе се собираат финансиски средства, со кои потоа ќе се купат хигиенски пакети и ќе се достават до општините, погодени од невремето кое ја зафати Македонија изминатите денови.