петок, 10 февруари 2017  |  Вести денес: 49

Акција за собирање на отпадни гуми во Вардариште

Комуналната инспекција и инспекција за животна средина на Општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба организираше акција за собирање на отпадни гуми во населеното место Вардариште.

вардариште

Поврзани вести

На оваа локација, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште, живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.

Во акцијата беа собрани околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила и предадени на фирма овластена за постапување со ваков отпад.

Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување на отпад.

Најчитани вести