Акцијата на General Electric по еден век го загуби местото во индексот Доу Џонс

Акцијата на американскиот гигант „General Electric“ (GE) го загуби местото во Доу Џонс индексот по повеќе од еден век, што претставува нов удар врз оваа компанија којашто само до неодамна влијаеше врз целокупната деловна атмосфера во економијата на САД, а денес се бори да ја задржуи позицијата на индустриска сила.

Аналитичката компанија „S&P Dow Jones Indices“ објави во вторникот дека акцијата на „General Electric“, оригинална членка на индексот Доу Џонс отгкако го формирал Чарлс Доу во 1896 година и е непрекината членка од 1907 година, од 26-ти јуни 2018 година ќе биде заменета во составот на индексот кој го сочинуваат 30 акции, а наместо неа во Доу Џонс ќе биде вброена акцијата на трговскиот синџир со лекови „Walgreens Boots Alliance“.

„Оваа промена ќе го направи индексот Доу Џонс подобро мерило за економијата и пазарите на акции“, порачува Дејвид Блицер, претседател на одморот во компанијата „S&P Dow Jones Indices“.

По оваа објава, цените на акциите на GA падна на Волстрит, најголемата берза во светот, за 1,5 отсто, додека акцијата на „Walgreens“ поскапе за 3 отсто.

Пред околу две децении, кога на чело на оваа компанија беше Џек Велч, според многумина еден од најдобрите менаџери во историјата, GE, беше најскапата компанија на светот. Меѓутоа, последните години ги загуби своите позиции на неколку клучни индустриски пазари, па сега оваа компанија е меѓу шесте најмали според пазарнаа вредноста меѓу 30-те компании од Доу Џонс индексот.

Соочени со слабата заработка и повиците да се подели во неколку комапнии, оваа 126 години стара фирма агресивно ги кастри трошоците за делување, продажба на делови и се обидува да го зајакне својот биланс водена од новите менаџери и новиот одбор.

Цените на акциите на GE падна речиси 80- отсто во однос на нејзиното највисоко ниво од 2000 година, а минатиот месец главниот извршен директор на компанијата Џон Фланери предупреди дека GE можеби нема да може да ја плати дивидентата за 2019 година.

„Беше тоа некогаш можеби една од најзначајните американски твртки, а оваа одлука за тргање од Доу Џонс индексот покажува дека се’ повешќе не се гледа во таа светлија“, вели Рик Меклер, партнер во компанијата „Cherry Lane Investments“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.