Акцијата „Топол дом” израдува над 3000 семејства

Повеќе од 3000 семејства добиле покуќнина и електрични апарати за речиси една година, откако е почната акцијата „Топол дом”.

Опремата како мебел, кревети, шкафови, маси, компјутери, бела техника е донација од над 1500 семејства, пренесува Алфа ТВ.

Хумани луѓе има меѓутоа најчесто се јавуваат до Центрите за социјална работа кога реновираат или кога сакаат да се ослободат од некој електричен апарат или мебел што не ми е потребен, вели министерот за труд и социјална политика.

-Ние веднаш интервенираме. Најчесто донациите се реализираат во период до 3 дена. Гледаме да излеземе во пресрет на сите граѓани кои ќе се јават и сакаат да донираат, доколку е функционална донацијата со цел да може да ја однесеме до примателите на социјална парична помош, постојана парична помош или со ниски примања, повеќедетни семејства кои се во потешка материјална состојба и на ситите да им помогнеме поврзувајќи ги донаторите со барателите на донација, вели, министерот Диме Спасов за Алфа ТВ.

Спасов, додаде дека секоја недела има од 10 до 20 луѓе кои се јавуваат до Центрите за социјални работи да донираат покуќнина, a пак , дури 5000 граѓани се имаат јавено да побараат ваква помош.

Покрај центрите и министерството води евиденција за потребите кои што ги имаат барателите, но и за донацијата која ја имаат добиено. Транспортот на донациите го обезбедува министерството.