Акцијата во Куманово се’ уште трае, полицијата врши претрес во куќите

Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ
Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ

Нови истрели се слушаат утрово во Куманово. Градот го надлетуваат хеликоптери и беспилотни летала. Се уште се слушаат и сирените на итната помош.

Трае акцијата на МВР, се проверува куќа по куќа. Од куќите во „Дивата населба“ се издига чад. Полициските сили се распоредени на сите влезови на Дива населба.
Акцијата на полицијата започна вчера утрото.

Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа информира дека во акцијата пет полицајци загинале, а над 30 биле повредени, како и дека дваесеттина од членовите на вооружената група и се предале на полицијата.

Посочи дека се уште нема информација за загинати цивили, а не се знае ниту точниот број на загинати членови на вооружената група. Најави дека акцијата на полицијата ќе трае, како што рече, се додека не се неутрализира и последниот терорист.

Целта на вооружената терористичка група, како што информира Јанкуловска, била напад на стратешките државни институции во Република Македонија.

Министерката за внатрешни работи апелираше до сите политички партии и општествени чинители да бидат на висина на состојбата со која државата се соочува и да се воздржат од дополнителни провокации кои би можеле да доведат кон ескалација на состојбата.