
Ако Црна Гора влезе во НАТО, Русија ќе ги запре сите заеднички проекти со земјата, изјави претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност при Советот на федерацијата Виктор Озеров.
Тој посочи дека може да бидат прекинати проектите во воената сфера.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО и испратија покана денеска на Црна Гора да стане 29-та членка на Алијансата.