Ако ги поседувате овие карактеристики, предодредени сте за успех!

Познатиот цитат на Мајкл Џордан гласи: „Во мојот живот имав неуспех по секој неуспех и тоа е причината за мојот успех“.

Сите луѓе сонуваат дека еден ден ќе станат мошне успешни, но колку од нив навистина ги остваруваат сопствените соништа. Често ги слушате изговорите од типот: … и тогаш животот го направи своето или неможев да поднесам повеќе одбивања.

Но вие не сте такви. Уверени сте дека ги поседувате сите неопходни квалитети и дека сте на вистинскиот пат кон успехот. Ариела Комбс, уредничката на Careerealism.com открива неколку особини на луѓето што се родени за да станат успешни.

Вие имате сон

Која е вашата визија? Што сакате да постигнете? На што се надевате? Имањето сон, па дури и кога тој е помалку нејасен е најважно за успех. Пред да го почнете патувањето мора да имате цел.

Имате мапа за патот, но подготвени сте и да отстапите од неа

Велат дека успехот е местото каде добрата подготовка се среќава со добрата шанса. Така што, кога ќе ви се укаже шансата мора да имате добро разработен план. Морате да знаеете, што би требало да направите за да стигнете до својата цел? Што е она што треба да го знаете? Кои вештини треба да ги поседувате? Но, не секогаш се’ оди по планот. Затоа мора да бидете подготвени да се прилагодите на се што ќе ве снајде на тој пат. Ова може да ги поремети вашите планови, но ништо не е толку страшно се додека го наоѓате вистинскиот начин за да се вратите на вистинскиот пат.

Екстремно сте љубопитни

Мора да бидете фасцинирани со сето она што ја сочинува вашата цел. Морате да имате желба да научите се за индустријата, луѓето, културата што го окружува. Мора да умеете да ги разберете проблемите и да бидете возбудени поради можноста за пронаоѓање решение. Морате да бидете страствени и радознали што се однесува до сите области што ги покрива вашата работа.

Помалку сте арогантни!

Доколку навистина сакате да успеете морате да имате самодоверба, односно да верувате во себе си и во сопствените способности. Без самодоверба секоја критика лесно може да ве скрши, а во оној миг кога себе си ќе се ставите во прв план, критиките ќе зачестат.

Мора да верувате во себе си и да верувате дека успехот ќе се случи.

Вие сфаќате дека неупсехот е само една од низата препреки кон успехот

Зборот откажување не би требало да го користите. Ако некој успеал тоа не значи дека ниту еднаш не паднал, туку дека бил упорен и не се откажувал.

Познатиот цитат на Мајкл Џордан гласи: „Во мојот живот имав неуспех по секој неуспех и тоа е причината за мојот успех“.  Тој на сопствените несупеси гледал само како на препреки.

Доколку ги поседувате сите овие квалитети, тогаш сте предодредени за голем успех според Ариела Комбс.