Ако ги убие жена нема да одат во рајот, Курдските воинки сеат страв околу џихадистите

Џихадистите се плашат од жените на воените полиња. Всушност, тие веруват дека доколку умрат во борба, во рајот ги чекаат девици. Но, доколку во војната бидат убиени од жени, за нив ќе нема девици.

Ирак се потпира врз курдската армија – Пешмерг, откако борците на Исламската држава напредуваат кон Багдад. Една единица Пешмерг се состои само од жени и со нив командува харизматичната Налин.

– Оние кои ја познаваат велат дека е културна, интелегентна и флегматична. Дека се грижи за менталното здравје на своите војници и се интересира за нивните проблеми, изјавил активистот Мустефа Ебди.

Сите жени од Пешмег се волонтери. Мајките одредено време поминуваат со децата и тренираат два пати недело, додека останатите жени тренираат секој ден.

Овие жени се горди што се борат против Исламската држава.

– Чест е да се биде дел од модерната муслиманска држава која им овозможува на жените да ја бранат својата татковина. Сите имаме ист третман како и машките колеги, така е утврдено со закон, изјавила една анонимна војничка.