Ако идентитетот не бил на маса, зошто Нимиц постојано давал предлози за јазикот и националноста, господине Фрчковски?

Љубомир Фрчковски напиша колумна за спорот со Грција. Напиша многу, но не кажа ништо. Остави многу прашања без одговор. Тој тврди дека за идентитетот никогаш не станувало збор, но не е и никогаш не било така.

Прашањето останува сеуште отворено, зошто во 2005-тата година, кога Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски го прифатија предлогот на Метју Нимиц, во делот за националноста го нема терминот „macedonian“?

Ако идентитетот не е во прашање, нејасно е зошто тогаш грчките политичари секоја година жестоко се трудат да го тргнат терминот „macedonian“ од годишниот извештај на Европската комисија за Македонија.

Ако идентитетот не е во прашање, зошто тогаш Грците во Обединетите Нации се трудат да ја избришат графата каде што го пишува јазикот, за што впрочем еднаш и успеаја, но по низата упорни реакции, Македонија успеа да ја врати.

Континуираното игнорирање на фактот дека се бара промена на името и промена на идентитетот не е ништо друго, туку само аматеризам.

И покрај тоа, повторно Љубомир Фрчковски во својата колумна, наместо да ја осуди грчката фашистичка политика на негирање на една нација, во чија што за жал и тој припаѓа, тој продолжува да ја напаѓа Владата.

Доколку Владата е крива, како што вели Фрчковски, зошто тој кога беше министер за надворешни работи не го реши спорот, туку тогашното државно раководство ја лажеше јавноста дека времето работи за нас?

Ако идентитетот не е и не треба да биде предмет на разговор, зошто Фрчковски своевремено на дебатата организирана од страна на А1 телевизија во Охрид, јавно даваше предлози за промена на идентитетот, како што е предлогот, на местото на англиската транскрипција „macedonian“, во графата да стои „македонски“?

Очигледно, Љубомир Фрчковски се однесува како сега да е дојден во државава и како сите ние да сме заборавиле на набавките на „Рејбан“ очила, на скапи коњи, на луксузни слики, на фришоповите и шверцот со нафта и цигари, во времето кога тој беше функционер. Тогаш си ги гледаа „бизнисите“, наместо нели, да го решаваат спорот со името.

Лаењето како француска пудлица штотуку извадена од фенирање, како што впрочем звучи последната колумна на овој бивш министер за надорешни и внатрешни  работи, но и пропаднат претседателски кандидат, само ја потврдува одлуката на граѓаните, Љубомир Фрчковски да го ставаат во кошот на личности кои грчката дипломатија ги нарекува, најверојатно од оправдани причини, „куклички за празнење“.