Ако имало притисоци, како Пендаровски освои над 100.000 гласа разлика во однос на СДСМ?

За несериозните, срамните и неоснованите обвинувања на Заев за изборни нерегуларности, за вршење на притисоци и злоупотреба на гласачкото право сведочат и изјавите на дел од неговите сопартијци, сведочи и однесувањето на претседателот на ДИК од редовите на СДСМ, Никола Рилковски, сведочат и сите граѓани кои гласаа на изминатите избори, но сведочат и бројките од тие избори, пишува Курир.

Имено, на предвремените парламентарни избори СДСМ освои 283.955 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 481.615.

На вториот круг од претседателските избори кој се одржа истиот ден, Стево Пендаровски освои 398.077 гласови, а Ѓорге Иванов освои 534.910 гласови.

Тоа значи дека Стево Пендаровски освоил 114.122 гласови повеќе отколку СДСМ.  И само анализирајќи ги овие бројки јасно може да се види дека во целост паѓа во вода тезата на Заев за притисоци врз гласачите, од причина што нивниот претседателски кандидат има освоени не 1000 или 2000 туку точно 114.122 гласови повеќе отколку листите за пратеници на СДСМ.

Таа огромна различност на бројките, јасно говори дека станува збор за волја на граѓаните, а не за притисоци како што Заев сака да прикаже пред јавноста.

Но еве да се земе хипотетички дека имало притисоци, тогаш прво што се наметнува како  прашање имајќи ги во предвид овие бројки, е дали ВМРО-ДПМНЕ вршел притисоци врз граѓаните да гласаат за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а за претседател да гласаат за Стево Пендаровски?!

Крајно комично обвинување на Заев кое е негирано и од многу постапки на функционерите на СДСМ, a и од овие бројки. Како може на толку различни бројки да се обвинува за притисок?

И можеби некој ќе рече дека вториот круг за претседателски избори поради фактот што има само двајца кандидати не треба да се споредува со резултатите од парламентарните избори кои се одржуваат во еден круг. Но и по таа логика повторно излегува дека Заев сака да ја убеди јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ вршеле притисок врз граѓаните да гласаат за Стево Пендаровски.

Имено, во првиот круг од претседателските избори Стево Пендаровски освоил 326.164 гласови, што е повторно многу повеќе од гласовите на СДСМ, односно за околу 43.000 гласови повеќе од она што го освоил СДСМ. Дали Заев според ова ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори слабо му помогнале на Пендаровски и не вршеле доволно притисок врз граѓаните да гласаат за Пендаровски како што тоа било случај во вториот круг за претседателските избори, односно на истиот ден, кога Стево Пендаровски освои 114 илјади гласови повеќе од СДСМ?

Најдобар демант за небулозните обвинувања на Зоран Заев дава реномираниот американски институт ИРИ кој во две последователни анкети кои ги има направено во Македонија минатава година покажува дека граѓаните не чувствуваат никаков притисок за изборите.

Според анкетата на ИРИ објавена во септември минатата година, неколку месеци по изборите кои Заев не ги признава и за кои вели дека се “украдени“, 72% од граѓаните сметаа дека немало притисок на избори

Според најновата анкета на ИРИ објавена пред неколку дена, граѓаните ценат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна парија помеѓу народот. На прашањето која партија е најактивна во населените места резултатите се следни: ВМРО-ДПМНЕ 52%, СДСМ 7%, ДУИ 16% и  ДПА 5%.

Според анкетата на ИРИ, граѓаните со најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ 32%, СДСМ 9%. Она што е сигурно е дека македонските граѓани имаат најголема доверба во владејачката партија. Затоа со години го даваат мандатот токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев ги потценува граѓаните и затоа СДСМ нема доверба од народот.