Ако имате повеќе секс, на работа ве чека голем успех

Доколку вашиот сексуален живот е здрав, ќе биде и вашата кариера. На прашањето како сексот влијае на животот, испитаниците дале пет главни причини зошто сексот е важен и како помага во животот. Статистиката покажува дека дури 50 отсто од вработените чувствуваат дека се платени помалку отколку што треба да бидат, па не е ни чудно што сите сакаат зголемување на платата.

Но, истражувањето покажало дека уживањето во сексот донесува подеднакво посилно чувство како и зголемување на платата. Здравиот сексуален живот води кон поместување, 31 проценти поголема продуктивност, трипати поголема креативност.

Со секс против „шопинг“

Работете ли работа која не ве исполнува како што сакате, ќе се надградувате преку други начини. Истражувањата покажале дека 25 отсто од жените се свртуваат кон импулсивен шопинг кога се тажни. Шопингот поттикнува излачување на допаминот кој  е одговорен за подобрување на расположението , но сексот е поефективен бидејќи е поефтина варијанта.

Со секс против стрес

Просечен пар во бракот се секса 58 пати годишно, што е малку повеќе од еднаш неделно. Бидејќи работата ни создава се поголема напнатост, сексот е одличен за опуштање и зголемена продуктивност. Двојките кои секој ден се бакнуваат и гушкаат подобро се справуваат со стресот.

Со секс до младешки изглед

Сексот ја зголемува циркулацијата на кислородот со 40 отсто што вашата кожа постанува убава, мазна и привлечна. Природното производтсво на колаген го спречува создавањето дамки и брчки.

Со секс до потенка линија

Многу луѓе се незадоволни од својата телесна тежина. Уживањето и одржувањето на формата на телото може да се избалансира со помош на сексот. Ако го пркатикувате трипати неделно ќе согорите дури 40 илјади калории на годишно ниво.