недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Ако имате вакви болки, веднаш посетете лекар!

bolka-glava-1

Последни вести

Ако почуствувате некоја од овие шест видови болка, веднаш појдете на лекар.

Имено, чекањето само може да го продлабочи проблемот, а со несовесното однесување може да предизвикате дополнителни последици.

Изненадна и силна главоболка

Ако не страдате од мигрена и ретко се соочувате со главоболка, ненадејната и неподнослива болка во главата би можела да биде последица на пукање на вени во мозокот и затоа веднаш јавете се на доктор за да го отстраните сомнежот за опасен здравствен проблем.

Болка во градите која се шири

Ако силната бола во градите се шири кон вашите рамена левата рака или вилицата, тоа може да биде еден од знаците за срцев удар.

Болка која почнува во долниот дел на грбот и преминува кон нозете

Кога е проследена со чувство на слабост во нозете и губиток на контролата над мокрењето, тогаш се упатува на таканаречениот синдром на коњски реп, сериозно вклештување на нерви.

Константно „боцкање“ во стопалата

Ова трнење спаѓа во групата на тивки знаци на дијабетесот. Всушност се работи за оштетување на нервите настанато поради високото ниво на шеќер во крвта.

Болка во стомакот која почнува во пределот на папокот

Ако болката се шири кон долниот десен дел од стомакот можно е да станува збор за слепо црево, кое мора да се реши со итен оперативен зафат.

Грчевити болки во нозете

Не сте се овредиле, но чувствувате силна болка во нозете, особено во пределот на бутовите или потколениците? Доколку овие болки се проследени со оток, црвенило или пак болни места кои на допри се топли постои можност да имате длабока венска тромбоза и оштетување на венската циркулација.

Најчитани вести