Ако избие војна во Украина ќе страда и Словачка

Словачкиот премиер Роберт Фицо смета дека настанте во Украина претставуваат руско-американски конфликт, во кој неединствената Европска унија не ја игра соодветната улога, пренесува МИА.

Тој мета дека постои голема веројатност дека во Украина ќе избувне воен конфликт и во тој случај би можела да страда и Словачка.

– Зборувам за директен воен конфликт. Не за конфликт меѓу Русија и Украина, туку за голем конфликт, изјави словачкиот премиер, додавајќи дека веројатноста да дојде до тоа е 70 проценти.

Најавата за тоа, тој ја добил од германски извор кој не сака да го именува.

Фицо, смета дека поради можниот воен конфликт, во Европа владее нервоза и мисли дека ЕУ треба да најде сили да одигра улога на миротворец.

Тој оценил дека за европските водечки политичари руската анексија на Крим е веќе завршена работа и никој повеќе не го отвора тоа прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.