Ако не ги знаете овие работи, не можете да се наречете е***

Голем број фраери се убедени дека се најдобрите љубовници и дека жените со кои тие заминуваат во кревет тоа може да го сметаат за привилегија и голема чест, а задоволството им е загарантирано.

Но, еве еден список што тие мора да го проверат пред себе си да може да се наречат е****.

Значењето на предиграта

Не е се’ во пенетрацијата и достигнувањето оргазам. Нема ништо лошо во сексот набрзинка, но и предиграта носи уживање. Бакнежи, мазење, орален секс… Има многу нешта што можете да ги правите пред „да го ставите“.

Молчењето не е злато

Нема потреба за премолчување на емоциите, желбите…. Никој никому не чита мисли и најдобар начин што повеќе да уживате во сексот е да комуницирате со партнерката.

Не е се’ во оргазмот

Оргазмот никако не би требало да биде единствена работа која ќе ви биде напамет, ниту би требало да биде единствена цел. Опседнатоста со оргазмот создава притисок и врз вас и врз партнерката. Обидете се да уживајте во целото искуство, во допирите, бакнежите. Продолжете го уживањето наместо да направите „форца“ кон оргазам.

Оралниот секс е повеќе од лижење

Многу мажи пружаат орален секс така што лижат онака како што виделе дека тоа се прави во порно филмовите. Иако можеби изгледа добро на екран, таква техника не е препорачлива. Секој има свој начин, а на вас е да научите како тоа го сака вашата партнерка. И само тренинг, поточно многу тренинг може да ве доведе до совршенство.

Прстите мудро користете ги

Пенетрацијата  со прсти е нормален дел од предиграта, а некои мажи и премногу се занесуваат што не е посакувано. Со оглед не знаат што сака партнерката, се случува пенетрацијата со прсти да ја забрзаат и да не бидат нежни. Кога се прстите во прашање – користете ги мудро и следете ги реакциите на партнерките.

Нејзиниот клиторис не е грепка

Не го игнорирајте нејзиниот клиторис. Секоја жена која сте ја сретнале веројатно попрво ќе сврши со стимулација на клиторисот отколку со пенетрација. Но, за многумина мажи ова е повик да го стимулираат клиторисот за нивната партнерка да сврши. Важно е да се има на ум дека клиторисот е особено чувствителен и дека интензивна стимулација може да биде болна. Со клиторисот треба внимателно.