Балкан

Ако не и успее со ЕУ, Грција има план „Б“ со САД, Русија и Кина

Ако не и успее со ЕУ, Грција има план „Б“ со САД, Русија и Кина

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека доколку Грција не успее да постигне нов договор со еврозоната, би можела веднаш да побара помош на „друго место“, објави МИА.

– Она што го бараме е договор. Но доколку договор нема, иако се надеваме дека ќе има и доколку видиме дека Германија останува нефлексибилна и сака да ја растури Европа, тогаш ние имаме должност да преминеме кон планот Б. Планот Б е да побараме финансирање од друг извор – појасни Каменос во изјава за грчката телевизија.

Како можни опции за помош, наведува грчкиот министер  би можеле да бидат САД, Русија, Кина или друга држава.