Ако падне уште една жртва овде, ќе запалиме се’!

Граѓани вечерва демонстративно се собраа на улицата „Борис Сарафов“, откако 10-годишно момче пред неколку часа беше прегазено во сообраќајна несреќа, пред основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба „Ѓорче Петров“.  „Ако уште еднаш падне жртва овде, ќе го запалиме цело Ѓорче“, регираат тие.

Тие се гневни на полицијата, за која велат дека не си ја извршуваат добро работата и трврдат дека на оваа улица секојдневно има трки со мотори и автомобили, а не презема ништо, објави Макфакс.