среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Ако патувате низ Србија внимавајте: Над 60 друмски разбојници демнат на автопатиштата

Околу 60 друмски разбојници демна долж автопатиштата во Србија. Слично како нарко дилерите, тие меѓусебно добро се познаваат и имаат поделена територија.

srbija-policija

Последни вести

Околу 60 друмски разбојници демна долж автопатиштата во Србија. Слично како нарко дилерите, тие меѓусебно добро се познаваат и имаат поделена територија.

Нивна мета се странските државјани што доаѓаат или транзитираат низ Србија, а не им е важна националноста на потенцијалните жртви, туку само дали имаат пари.

Тие се спретни и брзи. За само неколку секунди крадат по 200, 300, па и до 3.000 или 4.000 евра, дознава „Политика“ од Управата на криминалистичката полиција во Србија.

Овие гусари на 21-иот век, ограбуваат ноќе и во раните утрински часови, додека нивните жртви што се уморни од патот се одмараат во возилата. Во кражба најчесто одат по две до три тима со по три или четири члена. Тие им ги крадат паричниците или чантите со пари, документи, накит, часовници. Преплашените странци најчесто не го гледаат ниту возилото со кое што ограбувачите бегаат.

Српската полиција наведува дека бројот на овие грабежи и разбојништва се зголемува во екот на туристичката сезона. Најмногу се оштетени турските државјани затоа што тие најчесто поминуваат низ српските автопатишта.

Покрај тоа, во екот на сезоната ќе има зголемено движење и од страна на печалбарите што со автомобили се враќаат од европските земји кон татковината.

Најчитани вести