Ако сакате да ослабнете избегнувајте ги овие намирници

 

Сланина – содржи голем процент на заситени масти и холестерол и често голем процент на нитрати од кои може да се јави главоболка.

Пециво со сирење или путер – празни јагленохидрати со многу ниска нутритивна вредност како влакна, протеини итн.

Сок од портокал – се мисли на готови, купечки сокови во тетрапак пакување кои се полни со конзерванси и процесуиран шеќер.

Житарки – житарките без влакна и протеини се уште еден извор на празни калории, а поради додатокот на шеќер го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а по нив многу брзо повторно ќе почувствувате глад.

Крофни-еден од најлошите можни избори за појадок (чисти јаглени хидрати, шеќер, пржење во зејтин)

Кафе – додатоците на кафето како шлаг, чоколаден прелив и сирупи со разни вкусови го претвораат вашето утринско кафе во калориска бомба.

Палачинки– палачинките од бело брашно го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а повторно брзо ќе почувствувате глад.

Леб – истото важи и за мафините или било какви други пекарски производи, ако не знаете што точно има во нив…Обидете се да ги избегнете.

Мафини – многу ретко ќе пронајдете здрави мафини, освен доколку не сте ги правеле сами.

Вафли – вафлите немаат никаква нутритивна вредност, а шеќерот им е главна состојка.