Магазин

Ако сакате квалитетно да се наспиете, консумирајте ги овие намирници

Ако сакате квалитетно да се наспиете, консумирајте ги овие намирници

Недостатокот на сон може да предизвика бројни здравствени проблеми, а тука спаѓаат депресијата и срцевите заболувања.

Но, затоа постојат овие намирници, богати со состојки кои поволно влијаат на сонот и поради кои ќе се разбудите свежи и подготвени за новиот ден:

1. Риба

Повеќето видови риба го содржат витаминот Б6, кој влијае на производството на хормонот мелатонин, кој го контролира циклусот на спиење и будење. Луѓето кои редовно консумираат риба се помалку поспани наутро и полесно се будат.

ako-sakate-kvaliteno-da-se-naspiete-konsumirajte-gi-ovie-namirnici-2


2. Млечни производи

Сигурно кога бевте мали вашите мајки и баби ви подготвуваа чаша топло млеко пред да спиете. Млечните производи како јогуртот, млекото и сирењето се богати со калциум, кој го поттикнува развојот на мелатонинот. Запомнете, недостатокот од калциум го попречува спиењето.

ako-sakate-kvaliteno-da-se-naspiete-konsumirajte-gi-ovie-namirnici-1


3. Цреши

Црешите се исто така извор на хормонот мелатонин, кој го регулира внатрешниот внатрешен часовник. Ако имате тешкотии при заспивање и будење, започнете со почесто пиење на сок од цреши секое утро.

ako-sakate-kvaliteno-da-se-naspiete-konsumirajte-gi-ovie-namirnici-2jpg


4. Банани

Ова овошје е познато по големото количество на калиум и е богато со магнезиум, а овие два минерали помагаат во опуштање на напнатите мускули. Недостатокот од магнезиум е поврзан со синдромот немирна нога, кој негативно влијае на сонот.

ako-sakate-kvaliteno-da-se-naspiete-konsumirajte-gi-ovie-namirnici-3jpg


5. Ореви, бадеми, лешници

Овие плодови се богати со магнезиум и на телото му осигуруваат доволно количество калциум. Оревите, бадемите и лешниците го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што е исто така важно за добриот сон.

ako-sakate-kvaliteno-da-se-naspiete-konsumirajte-gi-ovie-namirnici-4


6. Чај

Најдобриот пијалак кој треба да се пие непосредно пред заспивањето е чајот од камилица или пеперминт. Природните билни чаеви не содржат кофеин, а некои од состојките кои ги содржат го подобруваат сонот. Камилицата се користи при лекување на несоница, додека пеперминтот успешно го намалува стресот.

ako-sakate-kvaliteno-da-se-naspiete-konsumirajte-gi-ovie-namirnici-5jpg