Македонија

Ако сакате снег, преселете се во Берово и Крушево

Ако сакате снег, преселете се во Берово и Крушево

Декември обично е месец кој го паметиме по обилни врнежи на снег, бели утра и идилнични слики. Но, оваа година, барем до кај 20-ти нема да го видиме снегот, освен ако не живееме во Берово или Крушево.

Според синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, сеуште е рано да се каже дали оваа година ќе имаме снежна Нова Година.

Но, прогнозата за времето не е сјајна за прошетки оваа недела, освен викендов кој ќе биде сончев.

„Денеска времето ќе биде врнежливо, освен на местата во источниот дел од државата кои се на висина од над 800 метри каде се очекува снег. Во среда и четврток н е очекува суво време, а во југоисточните делови можна е појава на дожб. Од петок до понеделник ќе имаме сончево, а додека пак, од вторник натаму повторно ќе имаме дожд“, велат за НетПрес од УХМР.

Од УХМР потенцираат дека снежна покривка ќе има само на местата кои се на надморска височина од најмалку 800 метри, а според населените места тоа се Берово и Крушево.