Ако се врати Анчелоти, Милан ќе доживее револуција

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони е решен да преземе сѐ во свои раце и да направи коренити промени во таборот на “росонерите” со кои тимот ќе се врати на старите патеки.

Како што најавуваат италијанските медиуми, Милан е подготвен да ангажира неколку суперквалитетни засилувања, но “клучот” за тоа е доаѓањето на Карло Анчелоти, кој сѐ уште размислува дали да паузира една година од фудбалот, или пак, да се нафати на работа во Милано.

Според италијански “Спорт Медиасет”, ако дојде Анчелоти, семејството Берлускони е подготвено да вложи 120 милиони евра за трансфери и да направи реконструкција на тимот. Списокот на трансфер-мети е веќе составен – на листата се наоѓаат двоецот на Атлетико Мадрид, Марио Манџукиќ и Марио Суарез, Карлос Бака, новиот херој на Севилја и Европа, како и играчот за врска на Дортмунд, Илкај Гундоган.

Од овие фудбалери, најскапо би чинел Карлос Бака чија цена на трансфер пазарот вртоглаво скокна по одличниот настап во финалето на Лига Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.