Свет

Ако Шкотска избере независност, ја напушта ЕУ

Ако Шкотска избере независност, ја напушта ЕУ

Ако Шкотска биде прогласена за независна држава на претстојниот референдум, тогаш ќе треба да поднесе барање за членство во ЕУ и во НАТО, коментира Пиа Хансен, од Европската комисија.

„Нема промена во ставовите на ЕУ во однос на тоа прашање. За иднината на Шкотска ќе одлучат Шкотланѓаните, кои засега се британски државјани. Ако на референдумот Шкотска биде прогласена за независна од Обединетото кралство, новото државно раководство ќе треба уредно да поднесе молба за примање во ЕУ и во НАТО“, рекла таа.

Претходно, претседателот на Европската комисија, Жозе Баросо, децидно потенцираше дека, ако излезе од составот на Велика Британија, тогаш Шкотска ќе престане да биде член на Европската унија, и ќе требва да поднесе одново молба за членство во сојузот.

„Некои земји членки може да се произнесат против членството на Шкотска во ЕУ“, рече Баросо, без да прецизира за кои држави станува збор.

Според политичките набљудувачи, Португалецот најмногу ја имал во предвид Шпанија. Ако се дозволи независна Шкотска да стане член на ЕУ, тогаш таквиот развој на настаните би можел да ја охрабри шпанската провинција Каталонија да го стори истото.

Инаку, рефрендумот за независност на Шкотска ќе се одржи на 18 септември, годинава. Ако мнозинството гласачи заокружат „да“, тогаш Шкотска ќе излезе од составот на Обединетото кралство на 24 март, 2016 година.

Противниците и приврзаниците на независноста на земјата, се со израмнети сили, покажало ново истражување на јавното мислење, кое го објави „Ројтерс“.

Бројот на оние кои се изјасниле дека ќе гласаат против независноста, се намалил од 45 на 39 отсто, за само еден месец. Процентот на приврзаниците за независност, пак, се зголемил од 32 на 38 отсто.

Пред само еден месец, соодносот беше 46 отсто спрема 38 отсто, во корист на противниците на независноста.

Истражувањето покажало и дека бројот на оние кои рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат пораснал на 84 отсто.

„Истражувањето открива неверојатна промена во односот на силтие. Резултатите се многу изедначени. За да биде објавен победник, и двете страни сега ќе бидат стимулирани да ги искористат максимално последните неколку денови од кампањата. Најголемата борба ќе биде за оние гласачи кои сеуште не се одлучиле како ќе гласаат“, изјавил Том Костли, директор на одделот за Шкотска при социолошкиот институт Ти Ен Ес, кое го изработило истражувањето.

Шкотите ќе знаат на 19 септември, и тоа рано утрината, дали изгласале независност или сепак ќе останат дел од Велика Британија. Гласовите од референдумот, ќе бидат преброени на најбрз можен начин благодарение на специјални мерки, пишува „Ројтерес“.

Во планинската област од земјата, акде има многу пусти реони, ќе биде инсталирано осветлување на селските хелиодроми, за да може гласачките ливчиња да бидат пренесени уште преку ноќта до еден од 32-та центри за пребројување на гласовите, наместо тоа да биде сторено следното утро, како што се прави за време на избори. Така пребројувањето на гласовите же почне веднаш по затворањето на избирачките места на целата територија на Шкотска, поточно во 22 часот вечерта на 18 септември. Вкупно, 4,166.683 Шкоти и жители на Шкотска, се регистрирани да гласаат на историскиот референдум.

На гласачкото ливче ќе биде испишано само едно прашање: „Треба ли Шкотска да биде независна држава?“, и ќе бидат посочени два можни куси одговори – „Да“ или „Не“.

Победа за „Да“ ќе значи распаѓање на Обединетото кралство по повеќе од 300 години заедничка држава и взаемноповрзана историја.