Свет

Ако Шкотска се отцепи, кралската банка се сели во Лондон

Кралската банка на Шкотска (РБС) соопшти денеска дека ќе се пресели во Лондон, доколку на референдумот за независност, што ќе се одржи идниот четврток, мнозинството гласачи се определат за отцепување на Шкотска од Велика Британија.

Во соопштението што управата на банката го испратила до сите свои вработени во Шкотска, се вели дека напуштањето на Единбург, каде сега е седиштето на РБС, е „неопходна мерка“ која мора да се преземе за да може банката и понатаму успешно да функционира.

Оваа најстара и најугледна шкотска банка, има свое седиште во Шкотска уште од 1727 година. Таа е формирана 20 години по создавањето на унијата меѓу Англија и Шкотска и формирањето на Обединетото Кралство на Велика Британија.

Претходно, преселба во Лондон, доколку Шкотска се отцепи од Велика Британија, најави и големата банкарската групација „Лојдс Банкинг Груп“. Оваа банкарска компанија, во која британската Влада има 25 отсто од акциите, поседува други две шкотски банки – „Банката на Шкотска“ и „Халифакс“. Засега не е познато што ќе се случи со персоналот на „Лојдс“ кој во Шкотска има 16 илјади вработени, но управата на оваа банка деталите за тоа ги најави по референдумот на 18 септември.

ралската банка на Шкотска (РБС) соопшти денеска дека ќе се пресели во Лондон, доколку на референдумот за независност, што ќе се одржи идниот четврток, мнозинството гласачи се определат за отцепување на Шкотска од Велика Британија.

Во соопштението што управата на банката го испратила до сите свои вработени во Шкотска, се вели дека напуштањето на Единбург, каде сега е седиштето на РБС, е „неопходна мерка“ која мора да се преземе за да може банката и понатаму успешно да функционира.

Оваа најстара и најугледна шкотска банка, има свое седиште во Шкотска уште од 1727 година. Таа е формирана 20 години по создавањето на унијата меѓу Англија и Шкотска и формирањето на Обединетото Кралство на Велика Британија.

Претходно, преселба во Лондон, доколку Шкотска се отцепи од Велика Британија, најави и големата банкарската групација „Лојдс Банкинг Груп“. Оваа банкарска компанија, во која британската Влада има 25 отсто од акциите, поседува други две шкотски банки – „Банката на Шкотска“ и „Халифакс“. Засега не е познато што ќе се случи со персоналот на „Лојдс“ кој во Шкотска има 16 илјади вработени, но управата на оваа банка деталите за тоа ги најави по референдумот на 18 септември.

Низа угледни шкотски компании најавија од порано дека ќе го преселат својот бизнис во Лондон и во остатокот на Велика Британија, ако Шкотланѓаните се определат за независност, што наидува на осуда на сепаратистите кои во тоа гледаат „англиски притисок“ врз шкотски гласачи.

Целата кампања на сепаратистите и на партијата на шкотските националисти, на првиот министер Алекс Салмонд, се води околу тоа дека на земјата ќе и биди подобро како самостојна држава, наспроти кампањата на унионистите дека само „заедно е подобро“ и за Шкотска и за Велика Британија.

Британскиот и поголемиот дел од шкотскиот бизнис, меѓутоа, стравува од отцепувањето на Шкотска, проценувајќи дека целата земја ќе претрпи голема финансиска штета, што се проценува со десетици милијарди фунти.

Проблеми ќе имаат и луѓето во Шкотска, па големата британска трговска компанија „Џон Луис“ ги предупреди Шкотланѓаните дека ќе мора да сметаат на поскапување на цените, ако нивната земја се отцепи, затоа што тогаш таа ќе биде третирана како странска држава.