Ако Шкотска се отцепи, Лондон ќе продолжи да ги плаќа сите долгови

Владата во Лондон потврди дека ќе ја преземе одговорноста за сите британски државни задолжување, ако Шкотска прогласи независност на референдумот во септември, пренесува „Ројтерс“.

„Во случај на прогласување независност на Шкотска од Велика Британија,британската Влада во сите положби ќе ги почитува договорните услови за долгот, издадени од британската Влада“, се наведува во соопштението.

Независна Шкотска ќе биде одговорна за „фер и пропорционален удел“ од британските задолжувања, но врз Шкотска нема да се пренесе дел од долговите, се вели во соопштението, според што условите за исплата на износите ќе бидат предмет на преговори.
Британскиот нето долг изнесуваше околу 1,2 трилиони фунти, на крајот на финансиската 2012-2013 година.

Шкотланѓаните ќе одлучат на 18 септември на референдум дали да станат независна суверена држава, со што ќе стават крај на околу 300-годишниот сојуз со Велика Британија.

Владата во Единбург, предводена од Алекс Салменд, предвидува дека добивањето на самостојност ќе донесе економски и социјални бенефиции за петте милиони жители на Шкотска.

Сепак анкетите покажуваат дека мнозинството од Шкотите не ја поддржуваат независноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.