Ако спиете со мокра ќе ги имате следниве проблеми

Колку пати се случило по капењето да заминете во кревет со мокра коса? Сигурно повеќе пати…

Ви претставуваме три проблеми кои можете да ги добиете поради спиењето со мокра коса.

Поттикнува развој на габички

Перниците се идеално место за развој на разни бактерии, бидејќи на нив се собираат мртви клетки и масло од кожата…На ова додадете му мокра крпа и тоа е доволно за развој на овие досадни габички.

Предизвикува главоболки

Веројатно не сте знаеле, но телесната температура во првата фаза се спушта на температура на собата каде спиете, додека во РЕМ фазата се зголемува. Бидејќи косата е свиткана во крпа, температурата на главата не може да се прилагоди на температурата на телото и тоа предизвикува силни главоболки кои можат да ве пробудат од сон.

Косата пука

Знаете и самите дека мократа коса е склона кон пукање, особено ја триете со крпа или чешлате. Поради триењето кое се создава помеѓу крпата и косата може да ја направите сува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.