„Ако ВМРО смени фасада опозицијата критикува, а кога таа менува се гордее“

ВМРО – ДПМНЕ му честита на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски што тргнал по стапките на Коце Трајановски и што поставил коцка и пајтон на некоја улица во Дебар Маало. Од владејачката партија велат дека секој си има свој стил, но дека не е во ред кога ВМРО – ДПМНЕ менува фасади, опозицијата да критикува, а веќе по некое време таа да менува фасади и да се гордее со тоа.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ менува фасади опозицијата тоа го осудува, а веќе по некое време и таа менува фасади и се гордее со тоа. Кога ВМРО-ДПМНЕ набавува пајтон и подтавува коцка на плоштадот тоа е расипништво и предмет на потсмев, а кога Жерновски го прави тоа треба да му честитаме. Епа еве ние му честитаме што после бандера и два-три жбуна низ Центар, донел пајтон и поставил коцка заради доловување одреден амбиент. И ние не сметаме дека тоа е расипништво.
Кај него проблемот е што помина година и пол, а пајтонот, бандерата и коцката на една улица му се единствените проекти, ако не рачунаме 3-4 паркчиња со големина од 10 на 10 метри, односно со големина на еден стан за живеење. Ветеното училиште досега требаше да е изградено и со многу детски џагор, градинката требаше да биде полна со деца, а ОУ Димитар Миладинов уште лани требаше да се грее на гас. Ама ништо од тоа зошто толку го бива градоначалникот Жерновски“, стои во соопштението на владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.