Македонија

Ако запостават пациент, здравствените работници ќе платат казна 200 евра

Ако запостават пациент, здравствените работници ќе платат казна 200 евра

Во предлог-законот за измени на Законот за здравствена заштита се предвидува глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност во мандатна постапка за прекршок на здравствен работник ако оневозможи, попречи или го отежнува користењето на здравствена услуга.

Исто толкава казна ќе плати здравствен работник кој го запостави болниот кој се наоѓа на болничко лекување; не се придржува на општиот акт за користење на работната и заштитната облека; не го почитува работното време за прием и преглед на пациенти утврдени со општ акт на установата и не ги почитува општите акти на установата во врска со чувањето на лекови и медицинска опрема за кое е непосредно задолжен.

„Глобата од ставот (1) на овој член на самото место на прекршокот ја наплатува инспекторот“, се вели во предлог законот.