Балкан

АКП: Ердоган е наредниот претседател на Турција

АКП: Ердоган е наредниот претседател на Турција

Владечката партија во Турција АКП соопшти дека актуелниот премиер на Турција ќе биде новиот претседател кој на таа позиција ќе остане до 2023-тата година, пренесоа медиумите.

Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе биде наредниот турски претседател и на таа функција ќе остане до 2023 година, соопшти владеачката партија за Правда и развој (АКП). Парламентот ќе го промени уставот за да ги зголеми  овластувањата на шефот на државата, чија функција сега е воглавном протоколарна, рече високиот претставник на партијата Мехмет Али Сахин.

Првиот круг на претседателските избори ќе биде одржан на 10-ти август и тоа ќе биде за првпат Турција да избира претседател на непосредни избори бидејќи досега шефот на државата го бираше парламентот.

Ердоган порано најави дека ќе биде претседателски кандидат доколку партијата го побара тоа од него.

„Ердоган ќе продолжи да му служи на народот, но овојпат како претседател“, рече Сахин и додаде дека АКП сигурно ќе победи на парламентарните избори во 2015 година и така парламентот ќе може да го промени Уставот.

Според неговите зборови, на тој начин Ердоган ќе може да биде претседател до 2023 година, пренесуваат медиумите.