Акраповиќ: Дадовме се од себе, но против Гент не можевме

Екипата на тетовска Шкендија по вчерашниот пораз (0:4) на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје во реванш баражот од Лига Европа го заврши настапот во ова натпреварување. По дуелот тренерот на тетовчани Бруно Акраповиќ на прес конференцијата изјави:

– Во првиот дел игравме на резултат, да биде 0:0. Во тој дел од играта малку порано од предвиденото моравме во игра да го внесеме Радески. Во второто полувреме можеби требаше да постигнеме гол во првите 10 минути, но не успеавме.Противникот, кој е искусна екипа не казни и се пласира во групите од Лига Европа. Многу ни недостасуваше Вујчиќ, тој е моторот на екипата. Во секој случај, мислам дека Македонија може да биде горда на сите изданија ова лето на нашиот тим. Дадовме се од себе, но против Гент не можевме  – изјави Акраповиќ.

Разбирливо во редовите на Гент имаше радост од пласманот во групната фаза.

– Одигравме одлично и заслуживме да победиме. Ние одговоривме на предизвикот и стигнавме до резултатот што го посакувавме изјави шефот на стручниот штаб на Гент, Хајн Ванхазенбрук.

Извлекувањето на групите за Лига Европа ќе се изврши денеска во 13 часот во Монако.