Акрополот во Атина се руши!

Грчки инжинери предупредуваат дека атинскиот Акорпол се руши, објавува британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на текст на грчкиот весник „Етнос“, пренесува Нетпрес.

Акрополот се руши и ќе биде потребна многу работа за да се реставрира, пишува британскиот весник, повикувајќи се на тврдења на ахеолози од Грција.

Инжинерите откриле дека дел од големата карпа, врз која се потпира објектот почнала да попушта и итно е потребна снација. Советот за антички споменици утврдил нестабилност на теренот во поширок реон, откако експерти го истражувале ронењето на големи делови од карпата во текот на јануари, годинава.

Британски „Тајмс“ цитира изјава на шефот на грчката дирекција за реставрација на спомениците од античкиот период, кој рекол дека ронењето на карпата и нестабилноста на реонот од јужната страна на Акрополот се предмет на истражувања на инжинери, кои макотрпно се обидуваат да го решат проблемот.