Балкан

Актер од Холивуд плаќал за секс со српски старлети

Актер од Холивуд плаќал за секс со српски старлети

Меѓу клиентите на макрото Михајло Максимовиќ (33) биле и одредени припадници на светскиот џет сет, објавува српски Курир, пренесува НетПрес.

Според информациите до кои дошол овој весник. со српските старлети се дружел и познат холивудски глумец од акциони филмови, една од наплатените светски манекенки, но и еден познат политичар од моќна странска држава.

Да потсетиме, Првото основно обвинителство покрена истрага против Максимовиќ поради сомнение дека организирал мрежа за елитна проституција.

За Максимовиќ работеле 12 девојки, меѓу кои се и најпознатата старлета Милица Живановиќ, позната како Мими Оро и зајачицата на Плејбој Божана Вујиновиќ.