Магазин

Актери и пејачи ќе проговoрaт за тоа, како се грижат за сопственото здравје

Актери и пејачи ќе проговoрaт за тоа, како се грижат за сопственото здравје

Лекари – специјалисти, актери, пејачи, новинари и други познати личности по вторпат ќе дебатираат за машкото здравје, денеска во 16.30 часот во Mеморијалниот центар Никола Кљусев, кога почнува финалниот настан Моември.Целта на настанот е превенција на болестите преку едукација и знаење. Дебатата за машкото здравје е врвот на активностите кои се организираа во текот на цел ноември односно моември.

Едукација и забава на едно место, најавуваат организаторите. Отворено ќе се дискутира и дебатира за кардиоваскуларните болести, еректилната дисфункција, болестите на простатата, ќелавоста. Актерите, пејачите и останатите познати личности ќе проговорат за тоа како тие се грижат за себе.

Според анкетата на Превентус за тоа колку пати мажите посетиле уролог, 64 отсто гласале ниту еднаш, 32 отсто само кога имале проблем и 4 отсто редовно прават рутински преглед.

„Ова се факти кои говорат дека свеста кај мажите за нивното здравје е на ниско ниво,“ вели Ристо Гапиќ, извршен директор на Превентус.

Светската кампања започна во 2003-та и оттогаш ноември се одбележува како „машки“ месец за зголемување на свеста за рано откривање на машките болести како рак на простата, еректилна дисфункција, машки климактериум, ќелавост, ХПВ, кардиоваскуларни болести, стрес, ‘рчење, ќелавост.