Актерката Јелена Жугиќ се откажа од пратеничка фотелја

Актерката Јелена Жугиќ нема да го прифати пратеничкиот мандат. Таа останува во театар и ќе си ја задржи досегашната функција, директор во Театар Комедија, пишува весникот „Вечер“.

Жугиќ е прв директор на овој театар, кој беше оформен пред некоја година. Конечно, Театар Комедија доби своја зграда, старата зграда на МНТ, што веројатно е поголем предизвик за актерката отколку да седне во пратеничка фотелја.

Жугиќ е следна на листата на ВМРО-ДПМНЕ, откако директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова, си поднесе оставка на пратеничката функција.

Таа е на деветата позиција на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица. Со оглед на тоа дека токму од првата изборна единица оставки од пратеничките функции поднесоа и премиерот Груевски, како и министрите Диме Спасов и Елизабета Канческа Милеска, влез во Собранието ќе добијат докторот Андон Чибишев, директор на Токсикологија и пратеничката Светлана Јакимовска.