Актерот Драган Николиќ се бори за живот

Легендарниот српски актер Драган Николиќ (71), великанот на српската актерска сцена, се бори за живот, дознава српски „Ало“.

Николиќ, кој од неодамна е опериран, итно е примен во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Тој е на апарати и не може самостојно да дише.

Актерот веќе извесен период боледува од тешка болест.