Актерот Робин Вилијамс пронајден мртов

Актерската легенда Робин Вилијамс вчера попладне бил пронајден мртов во неговиот дом во северна Калифорнија.Се претпоставува дека Робин извршил самоубиство со гушење, заради анксиозност и депресија од кои пател веќе подолго време.

Сепак, полицијата се уште ги истражува причините кои ќе бидат официјално објавени кон крајот на оваа седмица, по сите медицински истражувања.

Робин минатата година го заврши снимањето на серијата „Луда екипа“, а веќе со години се зборуваше како има финансиски проблеми.

Тој е еден од ретките актери кои отворено зборуваа за своите проблеми со дрогата и алкохолот. Во јули оваа година, Робин сам се пријавил на клиника за одвикнување од алкохол. Сите овие проблеми, очигледно, влијаеле на неговата депресија од која пател подолго време.