Активен пожар во Македонски Брод, пет други локализирани

Изби пожар во Македонска Каменица

Дирекцијата за заштита и спасување информира за состојбата со пожарите на територијата на Република Македонија до 11:15 часот. Активен е пожар во село Крапа во Македонски Брод, а во текот на вчерашниот и денешниот ден се локализирани пет други пожари.

Општина Кисела Вода

tefericПојавен е пожар кај Теферич. Опожарени се 15 хектари мешана шума, грмушки и трева. Пожарот е појавен на 02.09 2015 година во 19.00 часот. Во гасење на пожарот беа ангажирани тимовите од подрачните одделенија за заштита и спасување Кисела Вода, Град Скопје и Чаир со вкупно 30 лица, и ТППЕ со 7 возила и 15 пожарникари. Пожарот е изгаснат на 03.09 2015 година во 01:00 часот.

Општина Студеничани

Пожарот во општина Студеничани кај селата Елово и Осинчани е ликвидиран. На терен дежураат екипи на Македонски Шуми.

Општина Зелениково

Пожарот кај село Дејковец, општина Зелениково синоќа е ставен под контрола.

Општина Македонски Брод

Пожарот кај место викано Царовец во атарот на село Крапа е сеуште активен. Опожарени се 40 хектари. Во моментот на терен се ангажирани 2 лица од  подрачното одделение за заштита и спасување и ШС со 5 возила и 24 лица.

Општина Свети Николе

Пожарот кај село Гурганци на патот кон Куманово во текот на вчерашниот ден (02.09 2015) е ставен под целосна контрола во 18.30 часот. Опожарена е површина од 100 хектраи, од кои 30 хектари се борова шума. Во моментот на терен има дежурни екипи од јавните претпријатија.

Општина Македонски Брод

Појавен пожар во место викано Пела во атар на село Слатина, вчера во 21. 45 часот каде гореше сува трева. Во текот на вчерашниот ден беа ангажирани ТППЕ со 1 возило со 4 пожарникари, а денеска утрово на терен беа ангажирани 5 пожарникари. Пожарот е ставен под контрола.

 

 

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се следи состојбата на терен во врска со настанатите пожари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.