Македонија

Активирани службите на Град Скопје за расчистување на снегот

Активирани службите на Град Скопје за расчистување на снегот

По почетокот на врнежните на снег денеска на терен активно работи зимската служба на Град Скопје, која ќе интервенира по потреба за расчистување на снегот и фрлање на сол на булеварите и собирните улици кои се во надлежност на Градот Скопје.

Градот Скопје за претстојната зима има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата „КИЕМ“. Зимската служба на Градот Скопје на располагање има 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма.

Екипите на зимската служба ќе бидат активни и ќе дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на терен.