Активист и блогер во Египет осуден на 15 години затвор

Ала Абдел Фатах, еден од најистакнатите египетски активисти и блогери е осуден на 15 години затвор поради учество во протестите во Каиро. Фатах е осуден во отсуство, а уапсен е непосредно по објавата на обвинението во ноември. Подоцна е пуштен на слобода со кауција. На истата затворска казна се осудени уште 24 активисти.

Откако Мухамед Морси беше тргнат од власт минатото лето, 1.400 негови приврзаници се убиени, а 14 илјади се затворени.