ФОТО: Активисти на СДСМ стојат зад протестот „Удар“

Протестот под мотото „Удар” кој беше цела недела најавуван од страна на опозициските портали како граѓански протест без политичка позадина е организиран од партиски активисти на СДСМ. Како организатори на протестот кои говореа пред малкуте насобрани активисти на СДСМ се појавија членовите на СДСМ, Лилјана Сачевска и Мери Николова.

Во своја изјава Лилјана Сачевска истакна дека не се работи за партиски протест и за партиска директива, но според сликите кои што дојдоа до нашата редакција, ситуацијата е различна.
На сликите јасно може да се види дека Лилјана Сачевска и Мери Николова се членови на СДСМ и се сликани на партиски состаноци со истакнати членови на СДСМ, со претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и пред седиштето на СДСМ. Воедно и Лилјана и Мери се членови на Форумот на жени во СДСМ.

Ова е уште еден груб обид на опозицијата да организира протести преку таканаречени граѓански иницијативи и со тоа да создаде лажна слика во јавноста. Не е прв пат опозицијата да организира лажни протести. Во февруари оваа година пред Владата беа организирани лажни протести од стечајците зад кои стоеше СДСМ, а беше виден и висок функционер на СДСМ Кире Наумов. Истото сценарио беше и со протестите организирани од “АМАН”, а лажни таканаречени студентски протести беа организирани и денеска од страна на 20тина активисти на СДСМ.

Имено Мери Николова на јавноста освен како член на СДСМ и е позната уште и по љубовната врска со екс-амбасадорот на Република Македонија во Франција,  Агрон Буџаку. Медиумите пред неколку години пишуваа за нивната тајна врска.

2

3 5 6 7 8

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.