Активистите на Гринпис упаднаа во нуклеарка во Франција (ВИДЕО)

Еколошки активисти на меѓународната организација Гринпис се приведени во четвртокот откако накусо упаднале во нуклеарната центала „Cattenom“ во француската покраина Лорена, на исткот од Франција, и успеале да истрелаат пиротехнички направи за да предупредат на чувствителноста на ваквите постројки од евентуален напад.

„Активистите на Гринпис во постројката. Нема пристап до нуклеарната зона. Нема влијание врз безбедноста на постројката“, беше објавено на Twitter профилот на централата, сместена неколку километри од француската граница со Луксембург.

Активистите, пак, исто така на Twitter објавија дека истрелале пиротехничка направа рано утротот „во подножјето на базенот за користеното гориво“, во постројката којашто Гринпис не ја смета за доволно заштитена.

Во видео снимката којашто Гринпис Франција ја постави на Twitter, неколку пиротехнички направи се активирани од зоната со зградите за кои се чини дека припаѓаат на комплексот на централата.

Роже Спауц, задолжен за нуклеарната кампања на Гринпис Луксембург, појаснува дека „околу 5,30 часот петнаесеттина активисти влегле во постројката, минале преку две безбедносни препреки и стасале до зградата во којашто се наоѓа базенот со користено гориво“.

Појаснува дека сакале да го привлечат вниманието на „кревкоста“ на објектите со базенот „кои не се заштитени, спротивно на објектите со реакторите“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.