Активистка за човекови права депортирана од ЕУ на барање на Полска

Људмила Козловска, претседателка на фондацијата Отворен Дијалог, која се занимава со човекови права во постсоветските региони, и нејзиниот сопруг беа депортирани од Белгија во Украина, на барање на полските власти преку Шенгенсиот информативен систем (СИС).

Причините за сега не се познати бидејќи властите во Варшава одбиваат јавно да образложат, она што е познато е дека Козловска е гласен критичар на владеjачката партија во Полска, Право и правда (ПиС).

– Да, полската Влада ме стави на списокот на Шенгенскиот информативен систем со барање за забрана за влез во ЕУ, овој чекор е преземен од немоќ после многу обиди за заплашување и притисок врз нашето семејство и Фондацијата Отворен Дијалог. Овој список вклучува посебно опасни криминалци. Очигледно во Полска сега така се перципира несогласувањето, напиша Козловска на својот Фејсбук профил.

Козловска била спречена да влезе во Белгија во понеделникот и вратена во Украина. Според активистката, полската Влада не ја образложила својата одлука ниту била информирана за тоа, и додава дека е во исчекување да и се продолжи престојот во Полска.

– Јас и мојот сопруг очекувавме ваков развој на настаните од 2017 година, кога мојот сопруг јавно се спротистави на актуелната полска власт, но сакавме да се надеваме дека Полска не паднала на нивото на Казакстан, Русија, Молдавија, напиша Козловска.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.