ВИДЕО (+18): Активистки на ФЕМЕН упаднаа на исламска конференција

Две голи активистки на ФЕМЕН упаднаа на исламската коференција што се одржуваше во Понтоа северозападно од Париз, пренесува Раша тудеј.

Тие скокнаа на бината и ги примораа имамите да си заминат извикувајќи слогани се додека обезбедувањето не ги тргна од бината.

Никој нема да ме натера да прифатам, пишуваше на нивните голи гради.

На видеото исто така се гледа еден маж кој удира една од двете активистки на ФЕМЕН, додека лежи на земјата.

ФЕМЕН беше формирана во Украина во 2008-мата година и во моментов активистките се ситуирани во Париз. Организацијата е позната по нивните контроверзни разголени протести. Тие ја опишуваат нивната идеологија со три –изми: секстримисам (женската сексуалност наспроти патријархатот), атеизам и феминизам.

Групата досега има изведено бројни разголени напади во различни земји: Украина, Франција, Шведска, па и во Тунис.

На 1-ви мај активистите упаднаа додека Мери Ле Пен држеше говор пред пратениците на Националниот фронт во Франција и извикуваа дека таа е фашист.