АКТО фестивалот годинава посветен на темата „Општество во изградба“

Годинешното издание на АКТО-фестивалот на современи уметности, кој почнува од четврток, ќе биде посветен на темата „Општество во изградба“ и содржи пет уметнички програми.

Организаторите  најавија дека по подолго време, во рамки на фестивалот, ќе биде активиран возот на релација Битола-Скопје-Битола, кој ќе застанува на сите железнички станици на оваа релација за да ги донесе заинтересираните на фестивалот.

„По 11 години живеење во еден систем кој ги погази демократските вредности во општеството, сметавме дека потребно е повторно и од ново, преку културата да се потсетиме на вредностите на кои треба да се гради општеството, а тоа се солидарност, заедништво… Уметничките дела на најновото издание специјално се продуцирани за фестивалот кој ќе биде отворен со соларна кујна, проект на Никола Узуновски, ќе има акто-расадник и други актвности кои прв пат ќе бидат изведени на фестивалот во Битола“,  истакна Филип Јовановски, куратор на фестивалот.

АКТО-фестивалот на современи уметности ќе трае до сабота 25-ти август.