„Актор“ СА: Немаме сознание за постоење кривично гонење за проектот „Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Паневропскиот Коридор 10“

Компанијата „Актор С.А.“ од Грција нема сознание за постоење кривично гонење во врска со договорот за проектот „Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Паневропскиот Коридор Х”, се вели во соопштението на управата на компанијата, коментирајќи ги пишувањата во медиумите.

Како што се наведува, судските власти во Скопје по извршената ревизија, предметот веќе од 2014 година дефинитивно го ставиле во архива, а постапката за доделување на договорот е резултат на меѓународен тендер.

„По повод пишувањата во медиумите во врска со договорот за проектот “Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Пан-европскиот Коридор X”, компанијата истакнува дека до денес нема сознание за евентуално покренување кривично гонење и затоа не ја знае неговата содржина, дали и воопшто е покренато такво гонење“, се прецизира во соопштението на компанијата.
Во однос на пишувањата во медиумите истакнуваат дека:

„1. По извршената ревизија, судските власти во Скопје (Република Македонија), веќе од 2014 година, утврдија дека не произлегуваат сомнежи за сторен било каков прекршок и предметот гo ставија во архива неповратно.

2. Конкретниот предмет е истиот кој и во 2014 година бил предмет на пишувања во медиумите и кој веќе е предмет на конечна судска одлука во Скопје (Република Македонија).

3. Што се однесува до постапката за доделување на договорот за проектот, АКТОР С.А. учествуваше на меѓународен тендер за доделување на договор, врз основа на најниска цена на кој, понуди поднесоа вкупно 15 меѓународни изведувачи.

Вреди да се напомене дека во рамките на тендерот учествуваше како претставник набљудувач на Комисијата (ЕУ), како и на банките кои го финансираат проектот, а поконкретно претставници на Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој (ЕИБ и ЕБРД). На компанијата и беше доделен договорот откако поднесе финална понуда во износ од 210.148.177,23 €. Разликата од следниот по ред понудувач со најниска понуда изнесуваше 10.849.719,77 €, а останатите понуди беа значително повисоки, со тоа што последниот рангиран понудувач поднесе понуда која во однос на понудата на АКТОР С.А. беше повисока за 181.101.890,74 €.

Проектот, како за време на постапката на тенедерот, така и за време на неговото извршување, е под надзор на ЕУ и на банките кои го финансираат (ЕИБ и ЕБРД). 4. Од 2012 година до крајот на мај 2017 година Актор го изведува објектот во согласност со договорните услови, како што се потврдува и од сертификациите на независниот надзорен инженер на француско-италјанскиот конзорциум – EGIS-IRD, на кој му е доверена супервизија од страна на инвеститорот. Процентот на завршување на физичкиот предмет на проектот изнесува 96 отсто и на финансискиот предмет 91,5 отсто“.

(Оригиналното соопштение можете да го најдете на следниов линк: „Актор“ СА: Немаме сознание за постоење кривично гонење за проектот „Изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Паневропскиот Коридор 10“

 

(Оригиналното соопштение можете да го најдете на следниов линк: http://el.aktor.gr/2014_2017/arthro/anakoinosi_sxoliasmos_dimosieumaton_8_iou niou_2017-15547341/)